Акција за промена на азбестни покриви

Карпош ќе додели нови 6.000м2 лимен покрив

Општина Карпош ќе додели нови 6.000 м2 квадратни покривен лим

Оваа донација на покривен лим ќе биде доделена на сопственици на приватни станбени објекти кои се пријавиле на оглас распишан од страна на Општината.

-Оваа година, многу повеќе граѓани се обратија до Општина Карпош, за замена на покривите. Поддршка побараа 174 индивидуални објекти, како и 43 колективни згради . Досега комплетна документација до локалната самоуправа, доставија 43 граѓани, на кои покривниот лим ќе им биде испорачан веќе од почетокот на наредната седмица, посочуваат од општината.

Карпошани своите азбестни покриви ќе ги заменат со овој висококвалитетен пластифициран лим. Локалната самоуправа спроведува акција со која е предвидено до 2020 година, сите азбестни покриви на колективни и индивидуални станбени објекти да бидат заменети со нови.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари