КАЈ ЛОКАЛИТЕТОТ ИНДУСТРИСКА ЗОНА

Изградена нова улица во Аеродром

Општина Аеродром неодамна изгради нова улица „Новопроектирана 4" меѓу новите згради во локалитетот Индустриска зона

Станува збор за собирна улица во должина од околу 500 метри и широчина од 16 метри.

Улицата е составена од две сообраќајни ленти од по 6 метри, како и тротоари од двете страни на улицата од по два метри.

Претходно на оваа локација беше изведена целосно нова фекална и атмосферска канализација, водоводна мрежа, а исто така се предвидени и нови линии за јавно осветлување, така што овој дел од населбата ќе добие целосно нов и поурбан лик, а жителите на новите згради современи услови за живот.

Најнови вести

Коментари