Исчистени депониите во општина Центар

Над 40 кубика шут беа собрани во денешната акција на Град Скопје и општина Центар за чистење на општината. Речиси целосно се исчистени двете големи диви депонии на Кале и во Крњево.

Отстранети се старите, заболени и опасни дрвја, кои претходно беа обележани од „Паркови и зеленило“ и тие го вршат сечењето и кастрењето на сувите гранки.
Општина Центар ќе продолжи со практиката за зазеленување на сите слободни површини што може да бидат „маалски“ паркови, а наедно ќе се постават и автоматски системи за наводнување.

Зазеленувањето на Општина Центар ќе придонесе за зголемување на квалитетот на воздухот, а со тоа и на квалитетот на животот и за заштита на животната средина.
Акцијата за чистење на Центар, продолжува и утре.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари