ОЛЕСНУВАЊЕ ВО ТЕНДЕРСКИТЕ УСЛОВИ

Инвеститорот на голф-терени во Зелениково нема да гради мост на Вардар

 

- Главната забелешка поради која претходните два пати не успеа тендерот, а тоа е изградбата на мост на Вардар, е прифатена и повеќе не постои како обврска. Поради тоа овој пат очекуваме да има поголем интерес за инвестирање во голф-терените. Ние веќе сме во преговори со домашни и странски инвеститори. Интерес има и од наши печалбари. Понудите се поднесуваат до 24 август. Досега не е поднесена понуда, но очекуваме тоа да се случи последните денови, изјави градоначалникот на Зелениково, Веле Груевски

Општина Зелениково по трет ќе бара инвеститор за изградба на голф-терени. Огласот за доделување на договор за јавно-приватно партнерство веќе е објавен. За разлика од претходните два пати кога потрагата по инвеститор заврши неуспешно, овој пат Општината реши да ги поедностави условите во тендерот.

Главна причина поради која два пати овој тендер пропаѓа е поради условот инвеститорот освен голф-терени да мора да изгради и мост на реката Вардар. Оваа обврска во третиот тендер е исфрлена и Општината очекува да има поголем интерес за изградбата на голф-терените. Како нова обврска е наведено инвеститорот да изгради пристапен пат до голф-терените.

- Главната забелешка поради која претходните два пати не успеа тендерот, а тоа е изградбата на мост на Вардар е прифатена и повеќе не постои како обврска. Поради тоа овој пат очекуваме да има поголем интерес за инвестирање во голф-терените. Ние веќе сме во преговори со домашни и странски инвеститори. Интерес има и од наши печалбари. Понудите се поднесуваат до 24 август. Досега не е поднесена понуда, но очекуваме тоа да се случи последните денови, изјави градоначалникот на Зелениково, Веле Груевски.

Вредноста на целата инвестиција се проценува на 1,1 милион евра. Инвеститорот што ќе ги изгради голф-терените ќе стопанисува со земјиштето 30 години. Тој ќе има обврска да изгради голф-терен со 18 дупки на површина од 50,8 хектари, Исто така ќе треба да изгради и десет бунгалови со минимум две легла, како и Клуб хаус кој вклучува кафе-бар, ресторан, продавница за опрема и простор за чување на опремата.

Во однос на инфраструктурата инвеститорот ќе треба да остави простор за паркинг, да го уреди хортикултурно, да го реши водоснабдувањето и да изгради трафостаница од 2 мегавати. На голф-теренот голферите треба да имаат на располагање 15 колички за голф. Инвеститорот треба да обезбеди и два трактори и машина за косење гринови.

Заинтересираните инвеститори до 24 август во понудите треба да достават бизнис-план кој е предмет на евалуација, број на сместувачки капацитети, број на вработени и висината на концесискиот надомест. Критериум за добивање на договорот е економски најповолна понуда што носи најмногу поени односно 40, а бројот на вработувања според бизнис-планот и бројот на легла во сместувачки капацитети носи по 30. (С.М.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари