Игор Мирчески првпат се обиде да се самоубие пред 9 години- семејството обвинуваше за обид за убиство

Порталот „Сведок.мк" доцна синоќа објави дека Игор Мирчески од Кичево повторно бил пронајден повреден во неговата келија во затворот Идризово и итно, со амбулантно возило и придружба на лекар бил пренесен на скопските клиники.

-Лекарите се обидуваат да го спасат 38-годишниот Игор Мирчески, кој е осуден на доживотен затвор за извршени две убиства во Кичево. И овој пат, како и во 2009 година првичната информација е дека се обидел да се самоубие, објави порталот.

Во полицискиот билтен кој МВР го објави денеска стои дека командир на смена во Казнено поправна установа Идризово вчера околу 14 часот пријавил дека И.М.(39) од Кичево, кој издржувал доживотна казна затвор, во просторијата во која бил сместен се обесил.

Истиот со екипа на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар-Скопје, каде во 13.55 часот била констатирана смрт.

Мирчески се обиде да се самоубие во 2009-та, семејството обвинуваше за обид за убиство

По првиот обид во 2009 година, неговото семејство тврдеше дека тоа било обид за убиство, дури и се сомневаа кој може да биде тој што се обидел да го убие, но случајот никогаш не доби завршница, пишува порталот Сведок.мк.

-Игор Мирчевски и Анте Ристески пред 12 години беа осудени на доживотен затвор за убиствата на Митра Силјаноска и Радослав Божиноски од Кичево и Малкоец.

Ристески и Мирчески беа обвинети за кражба, силување, две убиства и разбојништво. Според обвинението, во ноември 2005 година Ристески и Мирчески ја убиле кичевчанката Митра Силјаноска, која била силувана, и се задушила со врзана со жица околу вратот.

Жртвата беше пронајдена во близина на новата спортска сала во Кичево. Двајцата беа обвинети и дека во јануари 2006 го мачеле, го силувале и го убиле Радослав Божиноски од кичевското село Малкоец. Во текот на судењето, Ристески и Мирчески го признаа убиството на Божиноски, но не и на Митра Силјаноска.

Новинарот Владо Танески го извршил убиството над Митра

Подоцна, полицијата преку форензички анализи соопшти дека убиството над Митра Силјаноска го извршил новинарот Владо Танески, кој се самоуби под чудни околности во затворот во Тетово, а случајот веднаш беше затворен без да се спроведе истрага.

Врз основа на таквите полициски информации, Ристески и Мирчевски бараа повторување на судењето, но судот во Гостивар ги одби бидејќи не понудиле нов доказ што би одел во нивна корист.

Мајката на Игор, Мирка Мирческа не веруваше дека нејзиниот син се обидел да се самоубие
Случајот со убиството во Малкоец го раскажале во детали

-Нивните барања се одбиени и од повисокиот суд, иако во овој случај, самата држава дошла до докази кои укажуваат на тоа дека тие не го сториле едното убиство за кое се осудени. Но, повеќе од јасно е дека не успее да добијат можност да докажат дека не се виновни, дека се неправедно осудени за второто убиство и се во затвор. Случајот со убиството во Малкоец го раскажаа во детали, пишува Сведок.мк

Затворениците кои издржуваат казна доживотен затвор и чиј број е над триесетина, сместени се во посебен оддел во затворот Идризово.

Поврзани

Најнови вести

Коментари