Ѓорче Петров

Груевски на средба со жителите на Волково


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски оствари средба со жителите на Волково во Општина Ѓорче Петров. Груевски посочи дека актуелната влада ги стопирала проектите започнати од ВМРО-ДПМНЕ додека ја водеше владата

- Денес бев во посета и остварив средба со граѓаните на Волково, о. Ѓорче Петров. Тука пред неполн месец со асфалтирање се завршени улиците 31 и 33 - ветување од последната моја посета на Волково, во вредност од околу 6 милиони денари. За жал жителите ме информираа дека запрени се преостанатите проекти кои ги започнавме во оваа општина додека ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Владата. Новата Влада запрела со градба и асфалтирање на улици, како и градба на канализационата мрежа, кои самите граѓани ги бараа, истакна Груевски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари