Кампања "Сите сме потрошувачи"

Граѓаните се запознаа со своите потрошувачки права

Во трговскиот центар "Сити мол", под мотото „Сите сме потрошувачи" вчера започна кампањата за промоција на правата на потрошувачите

Во кампањата на граѓаните им беа делени едукативни летоци изработени од Советот на потрошувачи на Град Скопје и од Организацијата на потрошувачите на Македонија ОПМ.

- Започнуваме конкретна активност од заштитата на потрошувачите. Во едно од најфреквентните места во Скопје ќе поделиме околу 10.000 едукативни летоци со информации за основите права на потрошувачите, контакти и податоци на институциите кои се одговорни да реагираат при конкретни повреди на нивните права, рече на почетокот на кампањата претседателот на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје и член на Советот на Град Скопје, Марјан Додовски.

Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, изјави дека Советот на Град Скопје дава поддршка за активностите за заштита на потрошувачите, каде како конкретни мерки досега се издвојуваат креирањето на Советот за заштита на потрошувачите на Скопје, носење на Програма за работа на Советот за заштита на потрошувачите, носење на акциони планови за работа на ова тело. На почетокот на кампањата присуствуваше и претседателот на Организација на потрошувачите на Македонија, Маријана Лончар - Велкова, која изјави дека оваа конкретна активност е во насока на информирање на граѓаните, бидејќи тие како потрошувачи имаат право да бидат запознаени со нивните права и со начините како да ги остварат.

Поврзани

Најнови вести

Коментари