Градинката „13 Ноември“ во Центар ќе добие уреди за прочистување на воздухот

„Ротари клубот – Скопје – Камен мост“ утре ќе донира 12 уреди за прочистување на воздухот на детската градинка „13 Ноември“ во Центар.

-Поради големата загаденост на воздухот и можноста за подобрување на амбиенталниот воздух што го дишат децата во текот на нивниот престој во градинка, „Ротари клубот – Скопје – Камен мост“ ќе донира 12 прочистувачи на воздухот за потребите на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар „13 Ноември“ – Скопје, со кои значително би се подобрил квалитетот на воздухот и би се намалил ризикот за заболување на дишните патишта на децата, соопштија од општината.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари