Град Скопје финалист за наградата на Европската недела на мобилност

Град Скопје денеска соопшти дека е еден од финалистите за наградата на Европската недела на мобилност за 2016 година, која секоја година се доделува од страна на Европската комисија

Станува збор за награда која се дава за концепт за одржливи транспортни урбани системи, каде покрај Скопје, финалисти се и Лисабон (Португалија) и Малме (Шведска).

Добитникот на наградата, како што информира Град Скопје, ќе биде прогласен утре во Брисел.

Најнови вести

Коментари