Едно лице почина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп

Триесет и пет годишен маж почина, а две лица, меѓу кои и 11 годишно дете, се здобиле со тешки телесни повреди, во сообраќајка што се случи на магистралниот пат Битола-Прилеп.

Во несреќата учевствувале „Голф“ со прилепски регистарски ознаки управуван од Г.Б.(31) од Прилеп, возило „Голф“ со битолски регистарски ознаки управувано од С.Т.(35) од с.Граешница-Битола и возило „Ауди А3“ со битолски регистарски ознаки управувано од Т.В.(19) од Битола.

Во незгодата на лице место починал возачот С.Т., а смртта е констатирана од страна на лекар од итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Г. (фрактура на нос и потрес на мозок), кој е пренесен и задржан на лекување во Медицински центар Битола и 11 годишно дете од с.Граешница-Битола (потрес на мозок и исеченици на главата), додека со телесни повреди се здобиле Ф.Т.(59) од с.Граешница и 7 годишно дете од истото село. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Битола.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари