Два тона отпад собрани утрово од една улица во Кисела Вода


Сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода преку Секторот за месна самоуправа се и денес на терен.

По пријава на граѓани, се врши расчистување на насобраниот отпад од улицата 1520, лоцирана над индустриската зона во Општината. И покрај засилените инспекциски контроли и зачестените апели од страна на локалната самоуправа, на оваа локација од утринава се добрани околу 2 тона отпад, информираат од Општината.

Се чисти и рачно и со камиони.

Засилените инспекциски контроли ќе продолжат и во наредниот период. Општина Кисела Вода апелира за почитување на Законот за јавна чистота, односно совесно однесување кон животната средина, во која и самите граѓани живеат.

Поврзани

Најнови вести

Коментари