Хигиенски мерки

Дезинфекција на училиштата во Ѓорче Петров

Зимата е период кога има понагласена појава на вирусни заболувања, па затоа, општината и основните училишта на територијата на Ѓорче Петров го искористија зимскиот распуст за да се изврши дезинфекција, дезинсекција и дератизација во училиштата.

- Со тоа целта на оваа акција е да се превземат превентивни мерки за спречување и сузбивање на заразните болести кои можат да попречат во нормално одвивање на образовниот процес. Оваа мерка е задолжителна во општинските основни училишта во Ѓорче Петров и се спроведува секоја година за време на отсуството на учениците од училиштата. Покрај горенаведените мерки се превземаат и вонредни мерки за зголемување на нивото на хигиената во објектите, набавени се средства за одржување на тоалетите и доволна количина на течен сапун за одржување на личната хигиена на учениците и вработените, информираат од општината.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари