Технички зафати

Дел од повеќе населби утре без струја

Без струја ќе бидат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Центар, Карпош и Сарај

Од 9 до 11:30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. „Саса", ул. „Јабланица", бул. „Борис Трајковски", како и дел од ул. „1440" во општина Кисела Вода.

Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Борис Кидрич", ул. „Петар Ацеви" и дел од ул. „Анастас Митрев" во општините Центар и Кисела Вода.

Без струја од 9 до 13 часот ќе бидат корисниците од ул. „Џумајска" во општина Карпош, а од 9 до 11 часот корисниците од објектите во рекреативниот центар „Езеро Треска" во општина Сарај.

Најнови вести

Коментари