Дел од општина Карпош утре без вода

Без водоснабдување утре од 10 часот ќе останат корисниците од зградите лоцирани на улицата „Вич" бр. 23 и бр. 24 во општина Карпош.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач на водоводната мрежа на оваа улица. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари