Донација вредна 10.000 евра

Црвен Крст прими помош од амбасадите на Австрија и Германија за училишта од поплавените региони

Црвениот крст на Република Македонија прими донација од Црвениот крст на Германија која се состои од помош во опрема за училишта кои беа погодени од поплавите во Скопско и Тетовско на 6 август 2016 година

Донација вредна 10.000 евра се состои од пакет прожектор, лаптоп и платно, а ја добија шест училишта од поплавените подрачја во Скопје од амбасадите на Австрија и Германија во Република Македонија.

Донацијата се предаде во присуство на претставници од амбасадите на Германија и Австрија кои, како што посочува Црвениот крст на РМ, се негови долгорочни партнери во обезбедувањето поддршка за ранливите групи на население.

Оваа донација според генералниот секреатар на Црвениот крст Саит Саити ќе им помогне на училиштата во квалитетот на работата и подобрување на можностите на училиштата за работа.

-И понатаму работиме на планот на опоравување од катастрофалните поплави и сеуште сме присутни во поплавените подрачја, одржуваме активности кои се поврзани со подигање на свеста на населението за опасностите и ризицеите од катастрофи, а работиме и на активности кои се поврзани на отпорноста на заедниците, истакна Саити.

Потсети дека Црвениот крст на Австрија кој со поддршка на Австриската влада донирале финансиска средства од 539 илјади евра за најранливите семејствата од полавените подрачја, а биле спроведени и голем број работилници со ученици, наставници и родители.

Амбасадорката на Австрија во Македонија Рената Коблер ја потенцираше добрата соработка на австрискиот и македонскиот Црвен крст, а посебно за навремената помош што Австрија ја пратила само неколку дена по полавата на 6 август минатата година.

Црвениот крст потсетува на преземените акции по невремето и поплавите од минатото лето - покрај интервенциите за укажување прва помош, спроведени се и голем број акции за расчистување, парични средства, донации на храна, хигиенски продукти, облека, едукации на населението за справување со катастрофи, активности за зајакнување на капацитетите на заедницата итн.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари