Акција на "Мрдни со прст"

Чистење на просторот под Железничката станица во Скопје

Граѓанската иницијатива Мрдни со прст, заедно со жителите на Аеродром и сите што сакаат да го направат своето маало поубаво и почисто место за живеење, вчера попладнево во 18:30 часот организираа акција за чистење и разубавување на областа под Железничката станица, во близина на улицата Венјамин Мачуковски

Присутните ги анимираат Тони Зен, ДЈ Гоце Саф и Марко Новески, а истовремено мајсторите за графити ги разубавуваат столбовите на Железничката станица.

- Разубавувањето токму на оваа област е всушност реакција од страна на совесен граѓанин кој пред неколку месеци го пријавил проблемот на веб страната њњњ.мрднисопрст.мк како локација во градот на која и е потребно чистење, разубавување и редовно одржување, информира Мрдни со прст.
Во акцијата се вклучени Сојузот на извидници на Македонија Ајде Македонија, Националниот младински сојуз на Македонија, Биди Зелен, Општина Аеродром,...

Со овој настан Мрдни со Прст продолжува со активностите за подигнување на свеста на граѓаните за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец. „Ти си на потег" како слоган на кампањата, го повикува секој граѓанин да даде своја идеја, да се вклучи и да реализира активности со цел да направи одреден придонес во заедницата во која живее.

Повеќе информации за тоа како секој може да се вклучи, а воедно и детали околу предходните и следните активности на Мрдни со Прст се достапни на www.mrdnisoprst.mk како и на Facebook страницата www.facebook.com/MrdniSoPrst

Поврзани

Најнови вести

Коментари