Во паркот "Македонија"во Тафталиџе

Четврти Скопски цветен фестивал

На 27 и 28 мај годинава, во паркот Македонија спроти Веро 2 во Тафталиџе ќе се одржи Четвртиот Скопски цветен фестивал, под прокровителство на Градоначалникот на Град Скопје

Целта на фестивалот е на едно место да ги соберaт љубителите на цвеќето и природата, професионалци во областа, уметници, деца и ученици кои на овој простор ќе ја изразат својата креативност.

Во двата фестивалски дена ќе има цветни градини – изложбен простор на професионалци и ученици, дизајнирање цветни површини, како и многу креативни работилници.

На овој настан ќе има и уметничко катче со еко-пораки, тематски претстави, отворена гaлерија, мултимедијални перформанси, вежбање на отворено...

Организаторот на фестивалот обездува простор каде ќе може учесниците да се претстават со своите дизајни и производи.

Поврзани

Најнови вести

Коментари