Технички зафати

Без струја утре повеќе делови на Скопје


Без електрична енергија утре во перодот од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од делови од улиците „Злетовска", „Пелагонија" и „Брсјачка Буна", во општина Шуто Оризари

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради закажани технички зафати.

Во периодот од 08:30 до 12:00 часот утре без струја ќе бидат и корисниците од улица „Влае", во општина Карпош.

Без струја од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат и корисниците од делови од селата Семениште и Чајлане, во општина Сарај.

Во периодот од 10:30 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од делови од улиците „Панајот Гиновски" и „Александар Македонски", Маркетот Стокомак и бензинската пумпа на Мак Петрол со околните објекти, во општина Ѓорче Петров. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари