Автомобил удри во пешак во Ѓорче Петров

Четириесет и тригодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил автомобил. Несреќата се случила вчера на улица Мајски манифест во Ѓорче Петров.

„Вчера околу 21,05 часот во Скопје на улица Мајски манифест, М.С.(44) од Скопје  управувајќи патничко моторно возило ‘дачиа логан’ со скопски регистарски ознаки  удрила во пешакот Т.Ш.(43) од Скопје. Т.Ш. со возило на Итна медицисна помош е пренесена во Градска општа болница ‘8-ми Септември’, каде ѝ се констатирани тешки телесни повреди и надвор од животна опасност е задржана на понатамошно лекување“, информира МВР.

Од таму додаваат дека на местото на несреќата е извршен е увид.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари