Ѓорче Петров

Анета и групата Молика ги развеселија ѓорчепетровци

Со низа настани општината Ѓорче Петров го отпочна своето празнување по повод празникот на општината, 20 септември

Бројните гости од збратимените општини Красна Полјана , Осечина и Поважска Бистрица со своите делегации беа почесни гости на отворањето на манифестацијата ,а на прославувањето се придружи и амбасадорот на Р. Словачка во Р.Македонија, Мартин Безак.

Случувањата по повод роденденот на општината и 101 година од нејзиното постоење отпочна со нејзините најмлади жители на денс клубот „Лајв вита" од Ѓорче Петров . Несекојдневниот настап на Воениот оркестар, кој е единствен во Република Македонија, привлече голем интерес кај граѓаните на Ѓорче Петров.

„Одлучивме да ја поддржиме оваа активност со цел да ја доближиме армијата што поблиску до граѓаните. Верувам дека во иднина ќе продолжат заедничките активности на Општина Ѓорче Петров и на АРМ, кои ќе бидат во интерес на граѓаните на Ѓорче Петров" истакна градоначалникот Сокол Митровски пред присутните.

Специјалните гости од Р. Словачка , КУД „Поважан" преку изведбата на традиционалните народни песни , ора и обичаи прикажаа дел од културното богатство што се негувало со години во нивната земја. Со прекрасна изведба на македонски староградски песни , популарната Анета Мицевска заедно со својот бенд ја развеселија публиката во реонскиот парк која беше дојдена во голем број од сите возрасти . Љубителите на убавата македонска песна ја поздравија македонската фолк звезда , која со својот мелодичен глас им ги наполни срцата на ѓорчепетровци ,која за прв пат настапи пред граѓаните на Ѓорче Петров. Вистинско уживање на граѓаните на Ѓорче Петров им понудивме со настапот на познатите естрадни уметници Влатко Илиевски, Влатко Лозаноски , Симона Поповски, Ристо Самарџиев . Младиот виолинист маесто Иван Трајковски , ученик од ОУ „Тихомир Милошевски " кој воедно е добитник на неколку награди од европски карактер е вистинска гордост за Ѓорче Петров. Со својот настап , 15-годишниот виолинист докажа дека во Република Македонија има големи таленти со кои таа може да се гордее.

Младите играорци од кудот- Григор Прличев како презентер на македонскиот фолклор чии вредности се несомнено големи ,се преставија со сплет на македонски ора . Танцовиот клуб „Бранимир и Бранкица" настапија со латино и модерни танци , а оние повозрасните кои со нетрпение ги очекуваа да ги видат на сцена ,не ги штедеа дланките да го покажат задоволството од прикажаните преубави танци. За хуморот задолжени беа Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски и Владо Дојчиновски. Три извонредни гласови на триото „Џентлем" беше вистински благодет за сите љубители на убавата музика. Забавата продолжи до доцните вечерни часови со диџеј Панчо со што беше заокружено некокудневното празнување на општината Ѓорче Петров.

Поврзани

Најнови вести

Коментари