СЛУЧАЈ ПЕПЕЛ

Одбраната контра вештаците

Одбраната на првообвинетиот Бајруш Сејдиу вчера спореше вештачење и побараа да се издвојат списите. На продолжението на доказната постапка одбраната предложи на судот да се издвојат списите оти вештачењтаа кои ги извршила МВР биле направени без наредба на истражен судија и по отворање на истрагата. Покрај ваквиот предлог, на вчерашното продолжение за случајот Пепел, за кој покрај Сејдиу се товара и уште 32 лица, одбраната го оспоруваше и вештачењето на цигарите. Според бранителите вештачењето го вршело бирото за судски вештачења кои припаѓаат под Министерството за правда кои пак се на платен список на државата, а во случајот истата е оштетена. Адвокатите тврдеа дека вештаците го извршиле вештачењето за 3 дена што за нив е невозможно. Тие се чудат како постапката досега трае една година, досега не било извршено вештачење, а тоа сега да биде готово за три дена што преставувало основ за сомневање на објективноста. Ваквите предлози на одбраната судот ги одби, па продолжи со презентирање на докази кои обвинителството ги прибави со примената на посебните истражни мерки. Во овој дел јавноста беше усклучена. Се очекува набрзо да бидат дадени завршните зборови.

Судењето за Бајруш Сејдиу извесно време тапкаше во место по влошување на здравствената состојба на првообвинетиот. Тој не комуницираше со адвокатите, а судот пак не ги прифати вештачењата со кои на Сејдиу му се препорачуваше лекување, па по третото вештачење лекарите утврдија дека тој е здрав.



Најнови вести

Коментари