Од први октомври

Поштарот веќе нема да звони за радиодифузна

Управата за јавни приходи нема повеце да дистрибуира сметки до граѓаните и фирмите за радиодифузна такса.

-Со доставата на решенијата за септември 2017 година, Управата за јавни приходи ќе прекине со достава на Решенија за утврдување на оваа јавна давачка - соопштуваат од УЈП.

Граѓаните и фирмите имаат обврска да извршат плаќање на сите заостанати долгови по Решенија за РДТ за периодот јанури 2011 година заклучно со септември 2017 година.

За сите специфични случаи, а со цел уредно затворање на финансиските картици кои УЈП ги води за обврзниците на РДТ (граѓани и фирми), ќе бидат објавени дополнителни информации на веб-страницата на УЈП.

Поврзани

Најнови вести

Коментари