И покрај мачки, кучки и...

Зошто СДСМ бега од избори?

Евентуалното одложување на изборите е посакувана цел за СДСМ поради нивниот страв од народот. Свесни дека ја немаат поддршката од граѓаните и дека на изборите ќе доживеат нов пораз, што покажуваат и анкетите, на СДСМ единствено му остана да го спроведува своето деструктивно сценарио и земјата да ја воведе во уште подлабока криза.

Резултатите од последната анкета на Брима Галуп покажуваат дека СДСМ се соочува со слаб рејтинг и недоверба кај граѓаните.

Огромна поддршка и повеќе од двојна предност има ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, односно доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 36.8%, а за СДСМ повеќе од два пати помалку односно 15.7%.

 

Речиси 5 пати повеќе, односно 56.6% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би победила доколку се организираат предвремени парламентарни избори на кој би учествувале сите партии, а само 12.4% сметаат дека тоа е СДСМ.

Свесен од недовербата која ја ужива кај граѓаните, Заев продолжува со кризата поради која страда економијата. Со спроведување на неговото црно сценарио Заев посакува освен политичка и економска криза која би резултирала со помалку вработувања, застој во земјоделието, во индустриското производство и со сите проекти од кои граѓаните имаат корист.

Дека со СДСМ македонската економија нема да напредуваат мислат и граѓаните. Според нив убедливо ВМРО-ДПМНЕ е партијата со која државава економски ќе оди напред. Дури 50,8% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ економски ќе ја води подобро државата напред наспроти, 20,1% кој сметаат дека тоа е СДСМ.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари