Македонија вечна

Собрание: дупло пари за патни трошоци, нови вработувања и нови возила

За патни трошоци во 2018-та година издвоени се 1.3 милиони евра.На пратениците им останува на располагање скоро истата сума како и лани, иако СДСМ се залагаше за намалување на непродуктивните трошења, за што ја редовно ја напаѓаа владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Со првиот ребалнс, новата Влада на СДСМ во јули, скрати 650 илјади евра за патни трошоци, но поради намалена активност на пратениците за изборната кампања.

Истите пари сега се вратени во предвидениот буџет за 2018-та година.

„Со проектирањето на новиот буџет, ставката е вратена и е нешто повисока од претходната буџетска година. Со буџетот за 2017-та предвидени беа 80 милиони 500 илјади денари или приближно 1,3 милиони евра. Истата ставка на име трошоци за 2018-та изнесува 81 милион денари, што е 500 илјади денари повеќе од предвидените со буџетот во 2017-та година. Со сегашниот буџет би се потрошиле 10.000 евра плус“, брифираат, собраниски извори за Макфакс.

Од пратеничката група на СДСМ кои гласно говореа на оваа тема велат дека и понатаму се на истиот став и дека нивиот предлог бил доставен до кооридаторите на пратеничките групи и до Претседателот на Собранието но, дека се уште нема одговор.

Доколку не одлучат да си скратат од својот луксуз сепак, трошоците ќе останат исти. Состојбата може да се промени доколку заеднички изгласаат одлука пред да биде донесен буџетот, или пак да си скратат со нарениот ребаланс.

Пратениците од ппозициската ВМРО-ДПМНЕ не сакаа да коментираат за намалување на трошоците.

Инаку вкупниот буџет на Собранието изнесува 9,3 милиони евра при што најголем дел од него отпаѓа на плати и дневници на пратеници односно 5,2 милион евра.Од парите на Собранието 35.000 евра плус би се потрошиле и за нововработени 33 лица. На почетокот на годината, во Собранието работеле 404, сега се 437.

Годинава, зголемена е и ставката на Собрнискиот канал за набавка на опрема и машини, од 50.000 на 340 илјади евра.

Парламентот во 2018 година предвидвидел и набавка на нови возила за што би се потрошиле околу 97 илјади евра.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари