Земјотрес го здрма Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 19.04.2017 год., регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа во Охридското епицентрално подрачје.
Овoj земјотрес се случи во 11 часот и 42 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.9. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари