ШТИП

Здружението на пензионери ги посетија децата со посебни потреби

По повод Велигденските празници членовите на Здружението на пензионери на општините Штип и Карбинци ги посетија децата со посебни потреби од Здружението „Порака"

Претседателот на Здружение Александар Захариев вели дека пензионерите заедно со децата ималe креативна работилница, а исто така им подeлија и подароци по повод Велигденските празници.

-Ние овде бевме за Нова година, Стара Новина година сега повторно сме со нашиве пријатели, а и донесовме скромни подароци за Велиденските празници, вели Захариев.

Лилјана Крстева од Здружението „Порака" вели дека им значат ваквите средби и дружење со децата со посебни потреби.

-Продолжува соработката со пензионерите, почнавме од Нова година и се почесто се среќаваме. Нашите членови и пензионерите имаат еден вид на работилница, согласно празникот, истакна Крстева.

Пензионерите на средбата добиле подароци од децата кои биле изработени од нивните раце.

Поврзани

Најнови вести

Коментари