Пробиштип

Завршува првата фаза од обновата на Домот на култура


Општина Пробиштип со европски пари ја реконструира зградата на Домот на културата, која по нејзината комплетна реконструкција ќе се пренамени во општинска зграда

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека веќе се променети прозорците, кровната конструкција, а во моментов се поставува нова енергетска фасада, со што оваа зграда ќе биде енергетски ефикасна.

- По завршувањето на првата фаза ќе ја почнеме и втората фаза, а тоа е внатрешно преуредување. Во моментов веќе е завршен тендерот за внатрешно уредување за салата за состаноци, односно тркалезна сала во Домот на културата, каде што се одвиваат сите поважни манифестации во општина Пробиштип. После тоа ќе следи и уредување на останатите простории, вели Тоневски.
Реконструкцијата на Домот на културата во Прбиштип чини 150.000 евра.

Поврзани

Најнови вести

Коментари