ПРИЛЕП

Започна акција за чистење на отпадот на влезовите од градот

Јавното претпријатие „Комуналец" од Прилеп ја почна едномесечната акција за чистење на шут и отпад на влезовите од градот. Одговорните лица на комуналното претпријатие и градоначалникот Марјан Ристески посочија дека мора да се внимава на тоа каде се фрла отпадот

„Денеска сме присутни на чистење на влезовите и излезите на градот Прилеп од страна на ЈКП „Комуналец" и секаде каде има регистрирано диви депонии од шут и друго ѓубре ќе бидат исчистени. Во оваа прилика сакам да упатам апел до сите граѓани кои имаат да пријават депонирање на отпад да се јават во ЈКП „Комуналец", посочи градоначалникот Ристески.

Директорот на „Комуналец" информираше дека за отстранување на шутот, граѓаните може во секое време да се обратат до јавното претпријатие.

„Јас би дал апел да не се загадува животната средина, а оваа акција ќе тре цел месец", посочи Златко Ристески директор на ЈКП „Комуналец".

По расчистувањето на овие локации преку вакви конкретни теренски активности значително ќе се подобри состојбата со непрописното натоложување на отпадот како и намалување на неговото штетно влијание.

Поврзани

Најнови вести

Коментари