Заев вели дека за името од седум појдови точки е намалено на четири

Премиерот Зоран Заев за спорот со Грција денеска изјави дека од првичните седум појдовни позиции во преговарачкиот процес, приближување во ставовите има во три.

Тој вели дека на средбата во Виена всушност почнал преговарачкиот процес, а сè досега било презентирање на позициите на двете страни. Но, вели Заев за деталите ќе информира Министерството за надворешни работи.

Премиерот вели дека веројатно тие беа најлесните точки, но дека тоа е сигнал и за двете страни дека може да се изнајде решение.

Достоинството и идентитетот се многу важни во преговорите со Грција, истакна премиерот.

„Не очекувавме ние премногу, пред сè има образложување на суштините на позициите на двете страни, со обид за меѓусебно разбирање. Медијаторот Нимиц го води процесот, тој ги знае работите што може и што не може да поминат. Мене ми е драго што се разглобени сите отворени прашања. Ако тргнеме од некои седум позиции коишто беа појдовни точки на разговорите, знам дека тоа е веќе намалено на четири, значи три се отклонети"- вели Заев.

Тој смета дека нема потреба од интервенции во Уставот и дека добро се знае до каде може да се направат отстапки, а доколку се најде решение граѓаните ќе го имаат последниот збор на референдум.

Заев повтори дека е прифатливо име со географска одредница.

извор faktor.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари