Заев со двојазичност во цела Македонија, ќе лови албански гласови!

Експертите во повеќе наврати коментираа дека Заев е свесен дека нема поддршка кај македонското гласачко тело, па во обид да спаси што може да се спаси им се додворува на Албанците

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев најавува двојазичност во цела Македонија доколку неговата партија дојде на власт. Тој во интервју за НОВА ТВ вели дека во борбата за глас повеќе од Албанците е подготвен албанскиот јазик да стане официјален јазик во сите градови на Македонија, па дури и во Прилеп, Штип, Струмица и останатите градови каде што живеат над 90% етнички Македонци.

-Зборував за употребата на албанскиот јазик. Не губам јас како граѓанин на Струмица кај што сме 94% Македонци. Не губам јас ништо како Македонец, ниту пак граѓанинот на Штип, на Скопје, кој е од македонскиот етничкиот корпус. Сега му е мајката да дефинираме каква земја ќе градиме во иднина, рече Заев.

Лидерот на СДСМ не крие дека антимакедонската политика има единствена цел, да им се додвори на албанските гласачи, без разлика што оди на штета на македонските национални интереси.
-Сметам на албанските гласови за СДСМ, за коалицијата предводена од СДСМ, без разлика дали ние ќе имаме коалиција со албански партии или не. Јас сметам на албански гласови во овој процес на избори пред кој сме исправени и очекувам СДСМ да добие најмногу албански гласови, па после некоја друга политичка партија од албанскиот блок и имаме сите причини на светот тоа така да се случи, рече Заев.
На новинарско прашања да ја објасни изјавата дека албанскиот јазик ќе го има на територијата на целата држава, претседателот на СДСМ Зоран Заев со одговор дека практичната примена на законите во Македонија е во корист на граѓаните.
- Примената на законите е за граѓаните. Во Прилеп тој што учи на албански јазик, иако е многу мал процентот, може да добие право да учи музичко училиште на албански јазик, да напише барање на албански јазик. Македонскиот е официјален јазик и треба да го зборуваме сите, без разлика на нашата етничка, верска, национална, религиска припадност. Официјалниот, македонски јазик, треба да го знаеме. Примената треба да биде наше растоварување. Граѓаните не губат ништо ако некој добие некое право повеќе, рече Заев.
Експертите во повеќе наврати коментираа дека Заев е свесен дека нема поддршка кај македонското гласачко тело, па во обид да спаси што може да се спаси во повеќе наврати тој им се додворува на Албанците, надевајќи се дека тие ќе го извлечат од катастрофата која го чека на 11 декември.
Академик Катица Ќулавкова му удри шлаканица на лидерот на СДСМ, Зоран Заев во врска со неговата изјава дадена деновиве во интервјуто за косовската телевизија РТК1 каде што тој ветува воведување на задолжителен албански јазик во градинките, основните и средните училишта во Македонија.
- Културно злосторство е да се принудуваат Македонците задолжително да употребуваат друг службен јазик, на пример албанскиот, смета академик Катица Ќулавкова. Македонија и Македонците со векови се бореле да дојдат до државни институции кои ќе ги штитат нивните културни и јазични права. Денес кога ние формиравме една држава, освен Власите речиси сите етнички заедници во Македонија имаат свои матични држави, каде што нивниот јазик е официјален, доаѓаме во ситуација да стекнатите јазични права Македонците ги изгубат со тоа што ќе бидат задолжени и принудени да учат и службено да користат втор јазик, вели Ќулавкова и додава: Тоа може да го прават по свој избор, но никој нема право на Македонците принудно да им наметне обврска задолжително да го учат албанскиот јазик. Дотолку повеќе што тоа е јазик кој припаѓа на сосема друга група на јазици. Ние порано имавме проблеми кога се предлагаше српскохрватскиот јазик да биде втор официјален јазик, а денеска така лесно ветуваме крајно радикални и екстремни мерки кои ја загрозуваат комплетно идентитетската слика на македонската држава, вели академик Ќулавкова.

СДСМ: Пак не сте го разбрале Заев

СДСМ реагира на текстот поврзан со интервјуто на нивниот лидер Зоран Заев, во кое тој отворено зборува за воведување на албанскиот јазик како службен јазик во сите општини во Македонија. Во интервјуто Заев вели дека треба да им се овозможи на граѓаните да комуницираат со институциите на албански јазик и во општини како Прилеп и Штип. Во моментов, граѓаните Албанци комуницираат на албански со институциите во општини каде што има над 20% етнички Албанци, а сега Заев предлага тоа да се прави во сите општини.

Во СДСМ сметаат дека тоа не е инсталирање на двојазичност и велат дека не сме го разбрале опозицискиот лидер, односно сме направиле "растурена сарма од новинарските стандарди#.
-Заев во ниту еден момент во интервјуто не спомена двојазичност на целата територија на Македонија и тоа јасно се слуша од одговорот на прашањето, кој го испраќаме во прилог. Поистоветувањето на познавањето на повеќе јазици со двојазичноста е или елементарно непознавање или тешка манипулација од страна на куририте, стои во реакцијата од СДСМ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари