Заев се обрати на Генералното собрание на ОН: Македонија сега е слободна, безбедна и стабилна земја

Премиерот на Македонија, Зоран Заев се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации од каде што истакна дека владата што тој ја предводи е посветена на демократијата, човековите права и владеењето на правото.

– Демократијата мора да биде водена од граѓанско општество. Мојата влада има амбициозен план за реформи. Треба да градиме професионални институции. Од длабочината на полтичките кризи излеговме посилни. Уверен сум дека сите ја имаме истата цел, мир во светот и пристоен живот за сите. На заедничките предизвици ќе одговориме со заеднички решенија. Македонија сега е слободна, безбедна и стабилна земја. Таа е пријател со своите соседи и ориентирана кон НАТО и Европската унија – истакна Заев.

Според него, мора да се понудат механизми за спречување на конфликти.

– Во светот има многу конфликти. Можеме да се справиме со некои од последиците. Само пред неколку недели бевме сведоци на ужасни разорувања во Мексико. Можеме да постигнеме резултати само ако сме обединети. Свесен сум дека постојат различни пристапи кон овие клучни прашања, сепак сакам да ургирам да не се фокусираме на разликите, туку на нашите главни одговорности да работиме заеднички – додаде Заев.

Заев нагласи за добриот однос кој владата што ја предводи го негува кон соседните држави, како и за потпишувањето на договорот со Бугарија за добрососедство.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари