Заев очекува ширење на парламентарното мнозинство

Коалицирањето меѓу Алијансата на Албанците и БЕСА е легитимно, и нема да наштети на владината коалиција. СДСМ, како и што беше најавено, во вториот круг ќе даде поддршка на кандидатите предложени од ДУИ вели денеска премиерот Заев. Во однос на најавите за приклучување на ДПА во владината коалиција, Заев рече дека вратите остануваат отворени за сите.

По завршување на локалните избори, очекувањата се дека парламентарното мнозиство ќе продолжи да расте, а не да се расцепкува. Ова нема да биде поврзано со решавањето на спорот на Грција и Македонија за името тврди Заев , бидејќи според него за овој проблем ќе се разговара и со ВМРО ДПМНЕ, но и со граѓаните.

Албанските партии во вториот изборен круг ќе се борат за власта во 12 општини. Настапот со здружени сили, на кандидатите предложени од АА и БЕСА им носат реални шанси за победа во 10 единици на локалната самоуправа. Најинтересно се очекува да биде во Тетово, Гостивар, Струга и Дебар.

Поврзани

Најнови вести

Коментари