Заев: Кратово ќе биде гасифицирано и ќе се отворат нови работни места

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска на средби со кратовчани порача дека советничката листа и кандидатот за градоначалник на Кратово Љупчо Бојаџиев имаат поддршка од него и ќе имаат поддршка од Владата и од парламентарното мнозинство во реализирање на мерките кои носат живот за сите.

- Убеден сум дека можеме да го гасифицираме Кратово. Јас ја гасифицирав Струмица. Овде тоа е многу возможна мисија. Гасификацијата е многу важна, за развојот на индустријата, за отворање работни места, но и заштеда на енергија во училиштата, во детските градинки, во болниците. 68 отсто од енергијата може да се заштеди, по примерот на Струмица, истакна Заев пред кратовчани.

Кога зборуваме за живот, како што рече, зборуваме и за политики коишто ќе создадат услови младите да можат да заработуваат и да основаат свои семејства тука, во Кратово.

- Целта ни е младите да не размислуваат да ја напуштат државата. Младите овде да го планираат животот. Никаде не е подобро од дома, потенцира Заев. Ги повика кратовчани на 15-ти октомври да го поддржат кандидатот за градоначалник на Кратово на СДСМ и советничката листа за реализирање на проекците за, како што рече, подобрување на животот на сите граѓани.

Поврзани

Најнови вести

Коментари