Заев: имаме консензус за името и влез во НАТО

Владата на Република Македонија создава услови за градење национален консензус со сите клучни и одлучувачки политички субјекти: со претседателот на државата и со опозицијата, за забрзување на нашата интеграција во НАТО, истакна денеска премиерот Зоран Заев, кој се обрати на настан во организација на Евро-атланскиот совет на Македонија.

- Воедно, посветени сме на наоѓање начин да се надмине проблемот што го има Република Грција со името на нашата држава. Веруваме дека тоа е можно преку инклузивен пристап дома и со градење на позитивна атмосфера на добрососедство и соработка со Република Грција - рече Заев.

Оттаму, потенцира Заев, со право очекуваме Република Македонија да биде следната земја-членка на алијансата, а во текот на првата половина на идната година да добиеме и покана за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Граѓаните на Македонија, како што посочи, се убедени дека Република Македонија ги заслужува евроатлантантските перспективи.

- Над 75 проценти од сите наши граѓани посакуваат членство во ЕУ и НАТО. Владата, со поддршка од граѓаните и од нашите меѓународни партнери го трасира патот на нашата држава кон НАТО - рече Заев.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари