Заев и Ципрас на 24 јануари ќе имаат средба во Давос, информираат грчки медиуми

По засилената динамика за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција и очекувањата дека Метју Нимиц на 17-ти јануари во Њујорк ќе излезе со првичен предлог за името, полето на преговори за решение ќе се префрли и во Давос (Швајцарија), информира грчкиот информативен портал Real.gr.

Имено, кон крајот на минатата недела од владата информираа дека премиерот Заев со владина делегација на 25-ти и 26-ти јануари ќе учествува на Светскиот економски форум кој годинава се одржува во Давос (Швајцарија), а според порталот во периодот од 23-ти до 26-ти месецов таму ќе биде и грчкиот премиер, Алексис Ципрас.

Извори кои ги консултирал грчките новинари потврдиле дека Алексис Ципрас има намера во Швајцарија да се сретне со својот македонски колега на 24-ти јануари, што според Real.gr само ја потврдува информацијата дека досега е постигнат голем напредок во однос на спорот за името.

Иако за тоа сé уште нема официјални најави, од Real.gr информираат дека на форумот во швајцарското одморалиште ќе патуваат и министрите за надворешни работи на двете земји.

Отааму исто така истакнуваат дека не треба да се занемари и фактот дека на форумот во Давос ќе учествуваат и германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари