МЕРКА ПРИТВОР ЗА ПЕТ ЛИЦА: ОЈО поведе постапка против нарко група

Зад решетки отиде братот на претседателот на СДСМ од Арачиново!

Во голема полициска акција спроведена викендов, полицијата привела повеќе лица кои се сомничат за шверц на дрога, меѓу кои е и братот на претседателот на општинската организација на СДСМ во Арачиново, објави Нетпрес повикувајќи се на извори во истрагата.

На акцијата, како што информираат изворите на порталот, се работело подолго време, извршени се претреси на повеќе локации при што лишени се од слобода тројца прилепчани со иницијали Ф.П., М.К. И В.В., едно лице од битола со иницијали И.Т., како и Н.Х. од Сингелиќ и Е.З. од Арачиново, а по две лица се уште се трага.

Се претпоставува дека приведените лица од Битола и Прилеп хероинот и кокаинот ги набавувале од Арачиново, по што ги препродавале.

-Инаку, првоосомничениот имал блиски контакти со коалициониот партнер на Зоран Заев, Зијадин Села, па оттука се поставува прашањето дали можеби токму тој бил линкот помеѓу Зоран Заев и Зијадин Села?, прашува Нетпрес.

-Министерството за внатрешни работи спроведува оперативна акција за сузбивање на организирана криминална група која на национално ниво се занимавала со препродажба на различни видови наркотици. По завршување на акцијата јавноста ќе биде детално информирана, кусо соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

По акцијата, а по напатствија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по поднесената кривична пријава против осум лица од Прилеп, Битола и Арачиново, надлежен јавен обвинител постапувајќи против шестмина осомничени до Судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка – Притвор за пет лица и мерка – Куќен притвор за еден од осомничените. Лицата се товарат дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215, а на еден од осомничените му се става на товар и дека сторил кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот законик, стои во соопштението од Судот.

Воедно издадена е и наредба за вештачење на траги од наркотична дрога, вешачење на ДНК, како и на пронајдените количества на наркотичните супстанции. Вештачењата се во тек.
Од Обвинителството информираат дека двајца од осомничените не се достапни на органите на прогонот.

 

Најнови вести

Коментари