За 7.500 евра месечно плус додатоци: Горан Трајановски избран во бордот на директори во Телеком


На својот фајбук профил, доскорешниот советник во МВР се пофали со своето ново работно место во бордот на директори на Телеком. Тој постираше фотографија на која што е во прегратка со Замир Мехмети, брат на поранешната пратеничка и член на ДУИ Ермира Мехмети, кој е еден од водачите на таканаречената „Шарена револуција".

Владата пред повеќе од два месеци достави предлог до Македонски Телеком за именување на нови директори во бордот на Телеком. Во предлозите на владата стоеја и двајцата, како проверени кадри од исклучителна доверба на Спасовски. Горан Трајановски важеше за десна рака на актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и беше предложен за главен оперативен директор, а Замир Мехмети за неизвршен независен член.

Инаку, Оливер Спасовски кога беше назначен на позицијата технички министер за внатрешни работи го назначи Горан Трајановски за Државен советник за телекомуникации и информатика.


За Замир Мехмети излегоа многу информации во јавноста меѓу кои дека тој инсистира на вработување во Македонски Телеком на некоја раководна функција каде што ќе може да ги користи сите подобности како што се автомобили, шофери, платени ручеци додатоци и плата не помала од 3.000 евра. Исто така поставил ултиматум дека ако не било претходното возможно да биде назначен на раководна функција во Агенцијата за медиуми, или АЕК. Тој според информациите го искористил погодниот момент за да направи притисок на Зоран Заев пред локалните избори.

Финално, Замир Мехмети братот на Елвира Махмети, владата го предлага за неизвршен независен член во Телеком. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари