"ВЕЧЕР" ОТКРИ КОЈ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ МУ НУДЕЛ БИЗНИС СО ЦИГАРИ

Вукашин Мараш е македонската врска со Црна Гора

ШВЕРЦОТ ОД МАКЕДОНИЈА ДО ЦРНА ГОРА ЗАПОЧНАЛ ВО 1996 ГОДИНА, КОГА Е СОЗДАДЕНА "МОНТЕНЕГРО ТАБАКО ТРЕЈД", А БИЛ ПРЕКИНАТ КОГА НА ВЛАСТ ВО 1998 ГОДИНА ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ВМРО-ДПМНЕ

Сегашниот заменик-министер за одбрана на СЦГ, Вукашин Мараш, е министерот за внатрешни работи на Црна Гора кој во 1999 година барал од Павле Трајанов да се обнови шверцот со цигари од Македонија за Црна Гора, дознава "Вечер". Шеесет и осумгодишниот Вукашин Мараш има импресивна биографија. Бил главен инспектор на Службата за државна безбедност (СДБ), а потоа и шеф на истата. Кога Мило Ѓукановиќ е избран за претседател, Мараш доаѓа на функција министер за внатрешни работи на Црна Гора. Во исто време е и советник на Ѓукановиќ за национална безбедност. Како што дознаваме, шверцот од Македонија до Црна Гора започнал во 1996 година, кога е создадена "Монтенегро Табако Трејд" (МТТ), а бил прекинат кога на власт во Македонија доаѓа ВМРО-ДПМНЕ во 1998 година, како што тврди и тогашниот наш министер, Павле Трајанов. МТТ шверцот го вршел преку Македонија Табак, на чие чело беше сега покојниот Ванчо Шутурков. "Вечер" успеа да дојде до сведочење на првиот директор на МТТ, Калудеровиќ, некогашен службеник на Службата за државна безбедност, кој три месеци, по налог на тогашниот негов шеф Вукашин Мараш, го контролирал транзитот на цигари. Според тврдењата на Калудеровиќ, тогаш само за три месеци во касата на СДБ од транзитот на цигари се влеале 600.000 долари. Тогашниот шеф на СДБ, Мараш, наплатувал такса од 30 долари за картон цигари, пари кои потоа се користеле за полнење на државните фондови на Црна Гора. Калудеровиќ по три месеци, по наредба на Мараш бил сменет, поради судирот со Горан Жугиќ, кој пред отворањето на МТТ бил главниот во шверцот со цигари. На негово место дошол Дарко Распоповиќ-Бели, исто така по налог на Мараш. Треба да се знае дека Распоповиќ и Жугиќ веќе не се меѓу живите. Распоповиќ е убиен во 2001 година, а Жугиќ една година претходно, и двајцата во Подгорица. Од живиот Мараш, "Вечер" очекува одговори на многу прашања. (Г.М.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари