Второ издание на КРИК – фестивал за критичка култура

Второто издание на КРИК – фестивал и платформа за критичка култура, ќе биде отворено утре, 14 декември, во Музејот на современа уметност. КРИК годинава ќе ја обработува генералната тема: „Постојано во транзиција – заробеност во скршените огледала“

Првата вечер е посветена на колективот за теорија, уметност и култура од Санкт Петерсбург „Что Делат“. На фестивалот воведно предавање под наслов „Вештерство и солидарност“ ќе има Оксана Тимофеева, доцент на Европскиот универзитет во Санкт Петерсбург и виш научен соработник на институтот за филозофија на Руската академија на науките во Москва.

Таа е член на уметничкиот колектив „Что Делат?“(Што да се прави?) како и заменик уредник на списанието „Стасис“. Автор е на две книги „Историја на животните“ и „Вовед во еротската филозофија на Жорж Батаиј“.

Во 21 и 15 часот ќе се одржи проекција на филмот „Palace Square 100 Years After. Four Seasons of Zombie” (2017)

„Что Делат“ (Што да се прави?) е колектив на уметници, критичари, филозофи и писатели од Санкт Петерсбург, Москва и Нижни Новгород, којшто има за цел да ги спои политичката теорија, уметноста и активизмот. Групата е формирана во 2003 година.
Името на колективот се поврзува со првата организација на социјалистичкиот работник во Русија, која Ленин ја актуелизира во сопствената публикација: „Што да се прави?“ (1902). Колективот, како заедница која се занимава со огранизација на културни активности, но и политизација на „продукцијата на знаења“ од 2003 година започнува со издавање на англиско-руски весник, фокусиран на актуелни прашања од руската културна политика, во корелација со меѓународните настани.

КРИК – фестивал за критичка култура има цел да ги промовира уметничките и културните практики како општествено релевантни алатки кои ќе придонесат за еманципација и демократизација на социо-културниот контекст.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари