Времето денеска умерено облачно, од утре се очекува благо затоплување

Времето денес ќе биде сончево со мала, а во западните делови до умерена облачност. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 6 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Највисоката температура ќе достигне до 6 степени.

Под влијание на јужно струење во наредните денови температурите ќе бидат релативно високи. Денеска по одделни котлини ќе има појава на магла. Утре облачноста ќе се зголеми, по котлините ќе биде магливо, а врнежи од дожд ќе има во вечерните и ноќните часови кон четврток во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Потоа нов влажен бран се очекува за време на викендот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари