Американски поглед на македонската иднина

Време е Вашингтон да го реши проблемот со името

Без решение во спорот за името, Македонија само ќе продолжи да се движи во неизвесност – уште едно отворено територијално прашање, кое тежи кон регионална нестабилност.

Времената спогодба требаше да функционира како решение кое ќе ја сопре грчката блокада кон својот северен сосед и кое ќе ги отвори дипломатските релации меѓу двете земји, со надеж да се дојде до едно постојано решение.

Дваесет и две години подоцна, сеуште нема конечен договор во спорот со името – а, неуспехот да се затвори ова поглавје става голема тежина врз зголемување на нестабилноста на Балканот. Благодарение на ретката политичка динамика и во Атина и во Скопје, постои можност, која може и да ја снема, да се реши спорот за името. Но, тоа ќе значи повотрно преземање на силно американско лидерство во случајот.

Политичките креатори рутински се потсмеваат на спорот за името, сметајќи го за „смешно" балканско препирање. Но, всушност тоа е прилично сериозно. Само поради поплаката дека Македонија го краде грчкото наследство – наследството на Александар Велики, Атина продолжува да го блокира членството во НАТО на Македонија, како и нејзиното напредување кон Европската Унија. Вакуумот ги остава и земјата и регионот, во една незивесна и невообичаена состојба. Без јасна патека до Брисел, демократскиот развој на Македонија е заглавен, одржувајќи ги во живот стравовите дека земјата може да биде поделена.

Истиот синдром егзистира и во поделената Босна и Херцеговина и во Косово – двете земји се соочуваат со структурни тешкотии и пречки за членство во НАТО и во ЕУ. Неодговорните националисти во двете земји, прават строги и силни повици за територијална поделба, чекор кој повторно ќе го отвори конфликтот до 90-те години од минатиот век.

Поддржувајќи ги овие трендови Русија и Турција почнуваат активно да ја поткопуваат Западната стратегија во регионот.

Некогаш се сметаше за неизбежен процес, интегрирањето на Босна и Херцеговина, Косово, Србија и на Македонија во евроатлантските институции, сега е отворено како прашање.

Со други зборови, „многу" е одговорот на Шекспировото безвременско прашање: „Што во името?". Без решение во спорот за името, Македонија само ќе продолжи да се движи во неизвесност – уште едно отворено територијално прашање кое тежи кон регионална нестабилност. Од друга страна, решавање на спорот ќе и' овозможи на Македонија веднаш влез во НАТО, а истовремено ќе и' биде и отскочна штица за отпочнување на преговрите за членство во ЕУ.

Со повторно потврден свој идентитет и граници, ќе престанат зборувањата на албанското малцинство за отцепување, и ќе се потиснат повиците за поделба и на Косово и обединување со Албанија. Целосната регионална стратегија за Западна интергација ќе си го врати кредибилитетот, вклучително и во Босна.

Москва, пак, која мораше да го проголта горчливото апче на црногорскиот влез во НАТО, ќе мора да ја оплакува „загубата" на уште една православна славјанска земја.

Иако спорот со името релативно претставува овошје од низок раст, успехот во никој случај не е загарантиран. Обидот на поранешниот американски претстедател Џорџ Буш, да ја реши работата за време на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, се распадна во лицето на грчката непопустливост. За среќа, изгледите на администрацијата на Доналд Трамп се многу подобри. За прват пат, по неколку декади, грчката влада им даде приоритет на добрите односи со Вашингтон. Соочувајќи се со застрашувачките предизвици со Германија и Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) околу државниот долг, како и со Турција околу Егејот, грчкиот премиер Алексис Ципрас очајно го сака Вашингтон на своја страна. За разлика од своите претходници, Ципрас е решен да ги отстрани отворените прашања со неговите непосредни балкански соседи.

Грчкиот премиер се сретна со американскиот претседател во октомври, годинава, а следниот ден имаше интензивен работен состанок со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, со државниот секретар Рекс Тилерсон, како и со други официјални лица од претседателскиот кабинет. Многу значајно е тоа што Пенс во разговорите со Ципрас го покрена прашањето за спорот со името, а потоа и двете страни дискутираа како да се дојде до решение.

Што се однесува, пак, до Македонија, благодарение на договорената американска интервенција, реформистот Зоран Заев пролетва стана премиер, и со тоа се заврши двегодишната политичка криза. Решавањето на спорот со името е негов топ приоритет. Со една голема спротивност од неговиот претходник Никола Груевски, кој постојано ги провоцираше Грците, Заев воспостави позитивен тон со македонскиот јужен сосед. Ниту тој, ниту Ципрас се соочуваат со избори се' до 2019 година, и тоа го отвора златниот прозорец за конечно преговарање за постојано решение за спорот со името.

Номинално, процесот на преговри е во рацете на долгогодишниот преговарач на Обединетите Нации, Метју Нимиц. Но, во реалноста Вашингтон е клучниот играч. Само Вашингтон може да ги сконцентирани умовите, не само на Атина и на Скопје, туку и на Брисел, Берлин и на Париз.

И навистина, за конечно да се реши спорот со името ќе биде критична критична координацијата на ЕУ и САД. Додека отворениот притисок на САД врз Скопје може да му помогне на Заев да ја тргне настрана домашната опозиција од договорот, отворената американска улога во Атина ќе има лош ефект, принудувајќи го Ципрас да го отфрли ова прашање.

Дипломатите ќе ги подобрат своите шанси за решавање на спорот, ако ги сфатат неговите длабоки корени.

Титовата Југославија беше воено активна во горчливата грчка Цивилна војна од 1946 до 1949 година. Поразот на комунистите, поддржани од Тито, предизвика иселување на десетици илјади етнички Македонци („Славјани", како што Грците ги нарекуваат), додека уште поголем број од нив остана зад затворените граници во Грција. Стравувајќи од повторно заживување на етно-национализмот во пределот на својата северна граница, Грција до денеска одбива да го признае дури и постоењето на македонското малцинство на своја територија. (Слична вознемиреност е причината поради која Грција постојано инстистира да го нарекува своето турско малцинство „Муслимани").

Кога Југославија се распадна на почетокот на 90-те години од минатиот век, Македонија стана независна држава. Неодговорни личности, како во Атина така и во Скопје, демонстрираа цврсти иредентистички ставови и создаваа претеран страв, креирајќи ја денешата ситуација на ќор-сокак.

Наследството е емоционално прашање, кое силно ги оптоварува односите меѓу двете земји, кои пак се природни сојузници и трговски партнери, а не спротиставени страни.

Сепак, како што сведочат неодамнешните судири околу обидот на Каталонија за независност, споровите за идентитетот можат да ја нарушат логиката и да ги повлечат дури и мирољубивите соседи во конфликт насекаде во Европа.

Опколени од цело море од балкански хипер-националисти, Македонците мора да се бранат од обвинувања дека се „вештачки народ", кој всушност е „Бугари или Срби". Вистина е дека сите идентитети, вклучително и грчкиот, се изградени наративи, кои се потпираат на историјата и на митот. На Македонците им треба име кое ќе го афирмира нивниот вистински идентитет, независен од Бугарите, Србите или од сите Словени генерално. Земјата веќе го смени своето знаме и устав, како знак на добра воља кон на барањата на Грција. И покрај тоа, Атина сеуште е загрижена за име кое би можело да ја воскресне етничката македонска свест и тврдења против сопствениот регион на МАКЕДОНИА, чии граѓани, исто така, си се нарекуваат и Македонци. Како политичари, Ципрас и Заев, и двајцата се загрижени дека ќе бидат обвинети од опозицијата дела го распродаваат националното наследство.

Во овој момент во драмата, потешкотијата е помалку за наоѓање на магична формула отколку повикување на политичката волја за конечно да се прифати една од неколкуте остварливи опции.

Со политички сили позитивно позиционирани, дојде време за Вашингтон да работи со сојузниците и со преговарачот на ООН, за да ги добие преговарачите и да договори решение. Конкретен рок е од суштинско значење.

САД треба да им разјасни на сите страни дека поентата е да се види добредојде од страна на Грција кон својот сосед Македонија, со заедничко договорено име, во НАТО до Самитот на Алијансата во 2018 година.

Едвард П. Џозеф за „The National Interest"

Поврзани

Најнови вести

Коментари