Се веат стотици албански знамиња

Во Струмица прогласена Република Илирида

Навивачите на Шкендија на натпреварот против Пелистер кој се игра во Струмица извикуваат „Илирида, Илирида". Среде Струмица извадија и огромен број албански знамиња

На почетокот на второто полувреме од натпреварот од финалето на Купот меѓу Пелистер и Шкендија кој се игра во Струмица, навивачите на Шкендија направи кореографија со албанското знаме и извикуваа „Илирида, Илирида.“.

Тоа ја зовре атмосферата, официјалниот спикер ги опомена навивачите и најави прекин на натпреварот во случај да продолжат провокациите.

По инцидентот, од клупата на Пелистер исто така бараа прекин на натпреварот кај делегатот Дојчиновски. По мирното прво полувреме, продолжувањето на натпреварот е доведено во прашање.

Мандатарот за составување на Влада и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, јавно се има изјаснето како навивач токму на Шкендија.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари