Во Струга убиен „балканскиот бос„ Дилавер Бојку !

На плажа во Струга со која стопанисувал е застрелан Дилавер Бојку, потврдија за Телма извори од истрагата. Нападот се случил околу 17 часот на плажата Аква - Блускај во центарот на Струга.

Со тешки повреди Бојку е префрлен во струшката болница. Од полицијата засега не
соопштуваат детали, а во тек е формирање на полициски истражен тим кој ќе работи
по насоките на обвинителот задолжен за истрагата.

Според последните информации, Бојку им подлегнал на повредите од огнено оружје
во болница.

Пред 15 години Бојку го доби прекарот „балкански бос на проституцијата" по што
следуваа негово апсење, минимални пресуди по што избега од Македонија, негова
екстрадиција од Црна Гора, за на крај да се вклучи во легален бизнис во туризам и
угостителство.

Поврзани

Најнови вести

Коментари