Во дебарските деветолетки дотациите одат само за плати

Дури 92 отсто од стредствата што како дотации доаѓаат од надлежното министерство до локалната власта во Дебар, кое потоа ги пренесуваа на училиштата се користат за плати, а само 8 проценти остануваат за покривање на матријалните трошоци што ниту од далеку не можат да ги ги задоволат потребите. Поради ова, дел од основните училишта имаат блокирани сметки. Ова, покрај другото е нагласено на дененшата седница на Советот на општината во расправата околу предлог Буџетот за 2о18 година.

Одговорниот за финасии при општината, Ќазим Ќормемети, нагласи дека дотациите ги определува централната власт, а локалната власт со цел да не дојде до исклучување на електричната енергија и обезбедувањето на нафта за грееење, често пати со сопствени средства ги исплатува фактурите на основните училишта. Советниците и директорите на основните училишта ,,Саид Најдени,, и ,,Браство Единство,, во Дебар и ,,Ристе Ристевски,, во Долно Косоврасти, побараа од страна на централната власт зголемување на средствата – дотациите за активноста на основните училишта.

Во деветолетката ,,Ристе Ристевски,, во село Долно Косоврасти повеке од пет години не се исплатуваат ниту средства за патни трошоци, токму поради недостиг на средства. Според директорот на деветолетката ,,Саид Најдени,, Бурим Казиу, проблемот е во видното намалување на бројот на учениците, поради силната миграција што влијале во пресметката која се врши во Министерството за образование во дотациите според бројот на учениците. Што се однесува до дебарската гимназија, таму состојбата е подобра бидејки од дотациите што ги добива управата за плати одат 63 отсто.
 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари