Внимателно: Видливоста околу Скопје е само педесетина метри

Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на обиколницата околу Скопје, како и на патните правци Скопје - Катланово и Скопје - граничен премин Блаце.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека на останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.

Маглата предизвика проблеми и на скопскиот аеродром каде дел од летовите се откажани, а дел се пренасочени кон Охрид и Приштина.

Поврзани

Најнови вести

Коментари