Груевски го кажа она што 120.000 гласачи го мислеа

ВМРО згреши што ја напушти својата традиција на овие избори

Како партија мораме да извлечеме поука од одредени грешки, да направиме длабинска анализа по изборите и партијата да продолжи по оној пат по којшто очекуваат најмалку 455.000 гласачи кои не поддржаа во декември. Не е ниту срамота не е ниту погрепно да се обидете да освоите и други гласови или симпатии, но очигледно ние го направивме тоа доста нагло и недоволно вешто, за што ни беше испратена порака

- На овие избори се случија две работи. Прво, страшен терор, уцени, закани, заплашување и многу многу поткуп на гласачите од страна на актуелната власт во досега невидени размери. Сево ова се случувало и во минатото на други избори, но во вакви размери, јас не се сеќавам дека имало во Република Македонија. Практично, имавме убиен човек во изборите, кандидат за градоначалник и актелена градоначалник со скршен череп, искршени изборини птабови. Кога се случува сето ова, можете да замислиште што се си помислува обичниот човек. Изборите не доликуваа како да се во АФрика, а камо ли во Европа. Сето ова беше реалноста на овие избори, рече Груевски.

Тој потсети дека луѓе блиски до власта се фалеа со пиштоли на изборите, а коментираат зошто има флешери на автомобилот на Коневски, кој му бил доделен. Груевски констатира дека на овие избори максимално била користена сила, насилство, поткуп, заплашување, што вроди со резултатот кој е преточен врз резултатите од изборите.

– Второ, ВМРО-ДПМНЕ беше казнето и беше испратена порака до мене и до раковдството на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ имаше традиционални политики и дел од членството и симпатизерите оценија дека ВМРО-ДПМНЕ изврши отстапување од сопствениот идентитет, кој го градевме речиси 15 години. Идентитет кој се заснова најмногу на заштита на националните и државните интереси и се разбира на градење на проекти за подобар живот на граѓаните. Отстапувањето некои го почувствуаа во првиот дел и многу не излегоа да гласаат, за да го казнат ВМРО-ДПМНЕ и за да испратат порака до мене и до раководството на партијата дека не се задоволни. Всушност, на овие избори ние се обидувавме да им се допаднеме на некои други и тоа не им се допадна на нашите традиционлни гласачи. Се обидувавме да им се допаднеме на некои гласачи кои традиционално не гласаат за нас или на некои други фактори гладајќи што се се случи во доближувањето што го направи СДСМ, но кај дел од нашите гласачи тоа не беше добро примено и на некој начин тие одлучија да не казнат и да ни испратат порака.

Тоа се главни работи, тој традиционален идентитет претпоставуваше да се биде силно против и на влијанието на некои надворешни фактори, кои засилено се мешаат во внатрешните работи на Македонија, особено во последниот период. Актуелните политики кои ги преземавме очигледно беа несоодветни во тој дел. И оние кои не излегоа на гласање, а не беа заплашувани или не им влијаеше заплашувањето, практично не казнија поради сето тоа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари