ВМРО-ДПМНЕ: Со неточни податоци СДСМ ја дефокусира јавноста

Според ВМРО-ДПМНЕ, со објавувањето податоци за трошоците за странските директни инвеститори, кои како што велат се неточни, СДСМ сака да ја дефокусира јавноста и да ги затскрие своите очајни економски резултати.

- Ако продолжат вака, не само што нема да привлечат нови странски инвеститори, туку и ќе ги избркаат постојните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Изнесените податоци, како што велиат, се сосема неточни и во пресметките се земени сумите за осум економски зони, а бројот на вработени во зоните не е 20.000, туку над 25.000. При тоа, не се земени предвид странските инвеститори надвор од зоните.

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари