ВМРО-ДПМНЕ: Поповски бадијала вработи над 40 луѓе

Заложбите на владата и на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, за наводни слободни медиуми се лажни. Тие се уценети и притиснати и владее медиумски мрак, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Поповски вработи над 40 луѓе во владата за да го подобри информирањето, но освен што тие ја чинат државата илјадници евра транспарентноста на владата не е подобрена. Зошто сè уште се одбегнуваат одговори на вистинските прашања кои ги бара јавноста поврзани со трошењето на јавните пари и давањето на тендери во четири очи како што беше тоа случајот со вицепремиерот Анѓушев?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека протоколарните заложби за слободни медиуми на владата и Роберт Поповски се лажни.

„Го прашуваме министерот за пропаганда на владејачката партија СДС, платен со парите на граѓаните, Роберт Поповски како ја подобри слободата на медиумите и каде го гледа напредокот? Има ли подобар пример за рушење на независноста на новинарството од самиот Роберт Поповски кој од првото место во ЗНМ, се најде за одговорен на партискиот прес центар на СДС, за да седне во министерската фотелја“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари