ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата на Андреевски не исполнува услови за добивање тендер за гас

Заев, како што кажа тој, ќе одговара и за тендерите на неговите фамилијарни бизниси, за Цареви Кули, за сомнителните тендери за набавка на гас, ќе одговара за изнудите и поткупот од типот „Едно евро за Вицето

ВМРО-ДПМНЕ денеска изнесе тврдење дека фирмата на партискиот пријател на лидерот на СДСМ Зоран Заев и претседател на Комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски не ги исполнува условите за добивање на тендерот за снабдување со гас.

- Целата јавност изминативе денови се увери дека станува збор за човек-фирма, со еден вработен, без никаков имот и без никакви средства за вршење на дејноста. Нема некој кому не му е јасно дека оваа фирма има само една намена, а тоа е цицање на парите на струмичани кои плаќаат најскап гас, рече на прес-конференција Бојан Стојаноски.

Тој рече дека надлежните органи треба сериозно да се позанимаваат како ваква фирма редовно ги добива тендерите за гас, а јасно е и од тендерската документација дека не ги исполнува условите. Тој посочи на дел од критериумите и условите кои се бараат за добивање на тендерот.

- Митко Андреевски нема вработени во сопствената фирма која е регистрирана во куќата на родителите на неговата сопруга. Според официјалните податоци, во неговата фирма е вработен само еден човек, а не неколку како што тој кажува, рече Стојаноски.

Заев, како што кажа тој, ќе одговара и за тендерите на неговите фамилијарни бизниси, за Цареви Кули, за сомнителните тендери за набавка на гас, ќе одговара за изнудите и поткупот од типот „Едно евро за Вицето.

Поврзани

Најнови вести

Коментари