ВМРО-ДПМНЕ: Член на СДСМ се сликaл со погребен венец за Илчо Захариев

Црната кампања на СДСМ го достигна дното во пресрет на вториот круг од локалните избори. Членот на СДСМ Сафет Али, кој е еден од најблиските соработници на кандидатот на СДСМ, Благој Бочварски, е сликан со погребен венец за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и штипски градоначалник Илчо Захариев, велат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е врвот на една морбидна кампања на СДС и е доказ за аздисаноста и самоволието. Јавноста беше сведок на напад на полицаец од Свети Николе, кој беше крвнички тепан и му се заканувале со ликвидација на него и на неговото семејство. Исто како нападот врз претседателот на политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски, од луѓе блиски до врхушката на власта", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека на повеќе места во државата е пукано од огнено оружје од страна на активисти на СДС, но исто така искршени се и запалени се автомобили само неколку часа по завршувањето на локалните избори.

„Ова е само јасен показетел за тоа што нè очекува во наредниот период и насока за тоа како СДС планира да ја води државата. Ваквото однесување на СДС ја води државата во хаос, незаконие и насилство по улиците. Одговорност мора да има", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари